Понуда за 8-ми Март – Лутраки и Воден

Сподели на:

ЛУТРАКИ е мало туристичко место со околу 2000 жители, а се наоѓа на само 130 км од граничниот премин Богородица. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Од 1992 год. туризмот значително се развива и денес има голем број хотели и апартмани кои ги задоволуваат потребите на гостите. Местото изобилува со ресторани, продавници и кафетерии.Овде посетителот може да ги комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето, посетата на пештерата, а во зима може да оди и на скијање на планината Ворас (Кајмакчалан). Областа е планинска. Течењето на топлите и ладни води заедно со богатството со флора му дава на овој регион уникатна убавина уште од далечната 1920 год. кога за прв пат е прогласен за „природна бања“. Температурата на водата во базените е од 37 до 38 целзиусови степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.

Цена:

За оваа понуда во моментов добивате 10% попуст, односно 20 EUR попуст.
Редовна цена: 198 EUR.
Цена со попуст: 178 EUR.

Вклучено во цена:

  1. Превоз со туристички автобус.
  2. Две ноќевања во апартмани “А” категорија.
  3. Водство и реализација на програмата со придружник од агенцијата.
  4. Посета на Воден.
  5. Посета на  ИКЕА/КОСМОС.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  1. Патничко осигурување. 
  2. Вечера кај газда Митре по цена од 1 860 ден. Гостите имаат право да изберат порција по своја желба ( јагнешко печено, свинско печено или риба). Во цената следуваат и салата, 2 пијалоци (вино и  ракија)  + десерт.
  3. Сместувањето е во приватни апартмани (наем на апартман).

Дополнителни информации:

  1. Деца до 5 години плаќаат 50% од цената, без дополнително легло.
  2. За деца од 6 до 12 години има 10 евра попуст.
    За оваа понуда, но и за другите осмомартовски понуди дознајте повеќе во канцелариите на Туристичката агенција Атлантис во градовите: Скопје, Струмица, Битола, Радовиш и Охрид. Посетете ја и интернет страницата: https://www.atlantis.mk/tours/8mi-mart

Контакт информации:

Фотографии:

Сподели на:

Слични Написи