|

Топло катче со домашна храна. Ресторан Вила Горна Куќа – Слепче

Сподели на:

Слепче е вистински планински бисер кој е скриен на планината Илиница (Бигла планина), на само 3 км растојание од градот Демир Хисар. За ова прекрасно македонско село има безброј легенди, но најпознатата е дека името потекнува од времето на царот Самоил и неговите ослепени војници, кои престојувале тука по завршувањето на битката на Беласица во 1014 година.  Денес Слепче е омилена туристичка дестинација на македонските, но и на странските туристи. Доаѓаат да го посетат манастирот „Св. Јован Претеча“, а додека патуваат кон манастирот на самиот пат има едно место кое никого не може да го остави рамнодушен. Ресторанот и вила Горна куќа веќе со години е вистинска гордост на демирхисарскиот крај. Храна, традиција и квалитет, а сето тоа само на едно место. Накратко тоа е Горна куќа, место во кое се вљубува секој посетител.

Дополнителни информации:

Горна куќа е одлично место за во чиста природна средина да поминете убави моменти со вашето семејство, пријателите и колегите. На ова место досега се празнувале, а и во иднина ќе се празнуваат голем број на фамилијарни веселби. Вкупниот капацитет на ресторанот во внатрешниот дел е за 180 лица, а во внатрешниот дел за 150 лица. Има посебни катчиња наменети за детски игри и други забавни активности.

Видео: https://youtube.com/shorts/Slav0J752tw?si=1Z_93r4TI0ZJ1PlE

Контакт информации:

Фотографии:

Сподели на:

Слични Написи