|

Влашката песна и традиција ја исполнија Летната сцена во Крушево

Сподели на:

Во рамките на традиционалната манифестација „Десет дена Крушевска Република 2026“, вечерва (4 август) во Крушево беа одржани настани наменети за промоција на влашката култура, уметност и традиција.

Програмата започна во 19:00 часот во Спомен куќата „Тодор Проески“ со изложбата на фотографии „КОНТРАСТ“ од Атанас Нашоку – Саку.

Веднаш после изложбата присутните се упатија кон Летната сцена на Гумење во Крушево каде во 20:15 часот продолжи влашката вечер со настапите на пејачките групи „Горди Власи“, „Грамоштајн“, но запеаа и крушевчаните од Здружението на пензионери. Присутните имаа можност да уживаат во автентичниот влашки фолклор и мелодии кои грижливо го чуваат културното наследство.

Здружение на пензионери од Крушево

Организаторите упатуваат искрена благодарност до сите присутни гости, изведувачи и поддржувачи кои со своето присуство ја направија оваа вечер незаборавна.

Најава за програмата за среда (5 август):

Манифестацијата продолжува со богата содржина:

  • 10:00 – 12:00 ч. – Едукативно-креативни работилници и анимации за деца со атипичен развој во соработка со волонтерите од Мировен корпус (Локација: Крушевско Езеро)
  • 11:00 ч. – Научна трибина – Институт за национална историја (Локација: Горна училишна зграда)
  • 16:00 – 18:00 ч. – Театарски работилници за деца и младинци со проф. д-р Патричија Катона од Романија и драматург и едукатор Билјана Крајчевска (Локација: Горна училишна зграда)
  • 21:00 ч. – Монодрама „СРАМ“ – Театарска претстава „Срам“, режија и изведба на Ангела Стојановска (Локација: Летна сцена)
Сподели на:

Слични Написи