Изложба на Тома Димовски во Крушево: „Крај на патувањето, почеток на фантазиите“
Во рамките на овогодишната програма на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, љубителите на ликовната уметност имаа можност да ја посетат изложбата на македонскиот уметник Тома Димовски, насловена „Крај на патувањето, почеток на фантазиите“. Зборот патување означува движење на луѓето од едно место кон друго, но во поново време со овој збор се означува мисловен процес…
