Со историскиот квиз и богата програма свечено заврши манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“
Со одржувањето на традиционалниот историски квиз „Илинденски час“ и свечената церемонија на спуштање на барјакот, синоќа во Крушево официјално заврши овогодинешното издание на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, организирана од истоимената Национална установа. Овогодинешното издание понуди исклучително богата, разновидна и квалитетна програма која во вистинска смисла на зборот го разубави и збогати големиот празник Илинден,…
