Младите таленти од Летната школа „Илинденка“ во Крушево одушевија со театарски перформанс
Денес во Крушево се одржа завршниот театарски перформанс на децата кои беа дел од годинешното издание на Летната школа „Илинденка“. Пред бројната публика, младите учесници ги прикажаа стекнатите знаења и вештини развиени за време на интензивните театарски стручни работилници. Под раководство и менторство на меѓународни и домашни експерти — проф. д-р Патричиа Катона од Романија…
