Легендарните „Солза и смеа“ доаѓаат во Струмица

Сподели на:

На барање на голем број струмичани во градот кој се наоѓа во прекрасното струмичко поле доаѓаат „Солза и смеа“. Ова е одлична можност за заедничко дружење и смеа, а публиката ќе може да се забавува со најновото шоу на оваа позната театарска група. Настанот ќе се одржи во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица на 19 февруари 2025 година (среда) со почеток во 20:00 часот.

За повеќе информации заинтересираните може да се јават на телефонскиот број 070 / 272 – 593, а билетите се продаваат секој работен ден на билетарата при НУЦК „Антон Панов“ Струмица во периодот од 08:00 до 15:00 часот. Влезниците се продаваат по цена од 250 денари. Специјално за овој настан „Солза и смеа“ подготвија промотивно видео кое можете да го погледнете на нашиот YouTube канал.

Сподели на:

Слични Написи