УЖИВАЈТЕ ПОКРАЈ БРЕГОВИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ВО ВИЛА БАЦКО
Пештани е сместено покрај сјајните мирни води на Охридското Езеро. За ова место многумина велат дека е најубавото катче што можело да се измисли. Тука имате сѐ: мир, природни убавини, езеро, плажи…Дури и ако посакате да прошетате низ преубавите градови Охрид и Струга до таму можете да стигнете за многу брзо време. Затоа Пештани е местото кое ги исполнува сите ваши желби. Вилата Бацко се наоѓа во центарот на Пештани, а од неа до најубавата плажа можете да стигнете за само 3 минути. Само во Вила Бацко можете да изберете сами и да се сместите во апартманот кој е направен според вашата омилена боја: виолетов, зелен, син и жолт апартман. Виолетовиот, зелениот и синиот апартман имаат по 4 лежаи, а жолтиот 3 лежаи.
Вклучено во цена
Бесплатен приватен паркинг
👩🍳Посебна кујна
🚿Купатило
🚽Тоалет
🖥️Кабелска телевизија
🛜Безжичен Wi-Fi интернет
🌡Греење и ладење: клима уреди
Дополнителни информации
За вашиот престој да ви биде уште поудобен, освен во вашите апартмани, можете да се опуштите и да се дружите и во летната бавча седејќи под убавиот летниковец. Секој гостин добива бањарка и еден помал пешкир.
Дознајте повеќе:
Facebook: https://rb.gy/42ull9
Цена:
Цената е по договор и зависи од временскиот период.










































