Весел театар – Прилеп руши рекорди во посетеност
Прилепскиот “Весел театар” и 2025 година ја заврши со огромен успех, над 150 одиграни претстави во театри, центри за култура, градови, градинки, молови, плоштади…Во годинава која веќе е зад нас настапија во: Прилеп, Охрид, Велес, Куманово, Крушево, Битола, Делчево, Штип… Многубројна публика ги проследи настапите на Веселиот театар и уживаше во детските театарски претстави, стенд-ап…
