Замина актерската легенда Гоце Тодоровски
Македонската културна сцена oд денеска е посиромашна затоа што не напушти еден од најголемите македонски актери. Синоќа, на 75-годишна возраст, почина доајенот на македонското глумиште, Гоце Тодоровски. Веста за неговото заминување ја соопшти неговата ќерка Сашенка, со зборовите дека неговиот дух и дело остануваат вечни: „Душата не умира… летај со ангелите“. Живот посветен на уметноста…
