Добрината на Тоше ги обедини хуманите луѓе: Успешна акција „За Теодор со Тоше“ во Србија
На 25 јануари, денот на раѓањето на нашата најголема музичка икона Тоше Проески, уште еднаш се докажа дека неговата мисија на љубов и човечност продолжува да живее. Македонците во Србија организирани преку Здружението Македониум и Македонскиот национален совет во Србија се обединија и успешно ја спроведоа хуманитарната акција со која се собираа средства за лечење…
