ПРВА ФЕСТИВАЛСКА ВЕЧЕР НА „БИТОЛСКИ ЧАЛГИСКИ ДЕНОВИ“
Синоќа, Старата битолска чаршија блесна во фестивалски амбиент и за првпат заживеа во ритамот на чалгијата. Со настапите на „Чапче и Тајфата“, „Филип Шурбевски Езгија квартет“ и „Мерак Чалгии“, со Димитар Андоновски и Бојан Стојков, започна првото издание на „Битолски чалгиски денови“ – фестивал кој ја враќа чалгијата во срцето на Битола. Вечерва, програмата продолжува….
