| | | | |

🌟 ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО: Прв саем „Крушево отворени денови – Krushevo Open Days“

Сподели на:

Здружението за афирмација на културата, екологијата и руралниот туризам „КУЛТУРЕН МАНИФЕСТ“ од Крушево со задоволство го најавува првото издание на Саемот за туризам, креативни индустрии и гастрономија:

🍀 „Крушево отворени денови – Krushevo Open Days“ 🍀

  • 📅 Датум: 18 – 19 јули 2026 година
  • 📍 Локација: Градски парк – Крушево

Ги покануваме сите заинтересирани бизниси, занаетчии, уметници и организации да бидат дел од овој уникатен настан кој нуди одлична можност за промоција и вмрежување.

👥 Кој има право на учество?

  • 🏨 Сместувачки капацитети: Хотели, мотели, хостели, апартмани и вили.
  • 🍽️ Угостителски објекти: Ресторани, кафеани, пицерии и барови.
  • 🎨 Креативни индустрии:
    • Модни колекции, додатоци и уникатен накит;
    • Креативен текстил и рачно изработени производи;
    • Керамика, стакло и уметнички инсталации;
    • Иновативни апликации, софтверски решенија и дигитални платформи;
    • Издаваштво (саемски презентации на книги, стрипови и друго).
  • 🍯 Гастрономија:
    • Традиционални специјалитети со заштитено потекло;
    • Специјални масла, сосови и иновативни вкусови;
    • Пекарски, слаткарски и пчелни производи (мед);
    • Алтернативна и здрава храна;
    • Алкохолни и безалкохолни пијалаци;
    • Одржливи пакувања и гастро-сетови.
  • 🏛️ Институции и НВО: Услужни институции од областа на туризмот и културата, како и невладини организации.

📌 Информации за пријавување:

Повикот е отворен за сите заинтересирани кои сакаат да ги презентираат своите производи и услуги пред бројната публика.

  • 🗓️ Рок за пријавување: од 29.06.2026 до 10.07.2026 година.
  • ✨ Бидете дел од настанот што ги обединува туризмот, традицијата, креативноста и гастрономијата во срцето на преубавото Крушево! Ве очекуваме!
Сподели на:

Слични Написи