|

Христијански празник Богојавление (Водици)

Сподели на:

Празникот Богојавление се нарекува Водици заради големиот водосвет кој црквата го извршува на овој ден

Празникот Водици (Богојавление) православните христијани го празнуваат како еден од најголемите христијански празници. На овој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Заради таа причина кумот се смета за духовен родител на крстениот. Крштевањето се изведува преку потопување во водата. На тој начин верникот излегува од водата измиен од гревовите. Со своето крштевање во реката Јордан Исус ги освети водите. И денеска на денот Богојавление се извршува осветување на водите и се верува дека после овој ден водите стануваат лековити.

Сподели на:

Слични Написи