Планинарски марш до Крстовите

Светилиште со крстови кои се поставени на Бушова планина кај месноста Козјак на висина од 1 700 метри. Ова ремек дело го направил Симеон Стојковски жител на Скопје, но роден во селото Пуста Река, крушевско. Ова место веќе прераснува во вистинска атрактивна дестинација на сите љубители на височините и планинарството.

Местото денес е познато под името Кај Крстовите, а таму се поставени крстови на постамент од камења и цемент. Кога ќе стигнете до ова место ќе го доживеете најубавиот поглед кон Македонија. Постаментот зафаќа површина од 4 метри висина и исто толку ширина, а во неговата композиција е вградена и плоча со натпис: Господе чувај ја Македонија од нејзините душмани.

На 31-ви мај 2025 година (сабота) ќе се одржи петтиот планинарски марш до местото викано горе кај “Крстовите” или поточно врвот Козјак. Тргнувањето ќе биде во 06:00 часот, од селото Пуста Река (крушевско). Групата кога ќе пристигне кај „Крстовите“ ќе може да присуствува на Света литургија која ќе ја служи отецот Тони. Настанот е збогатен со кумство, а после отслужувањето на светата литургија, за сите ученици на маршот ќе биде послужена скромна трпеза.

Сите оние кои се заинтересирани да учествуваат на Планинарскиот марш за повеќе информации и за учество може да се обратат кај организаторите на телефонскиот број 076 / 442 – 146 (Вецко). Организаторите ве покануваат да им се придружите. Маршот е добра можност за заедничко освојување на високите врвови, дружење и посета на ова убаво и атрактивно место.

