Каде во Македонија се јаде најдобриот бурек? Ги бараме најдобрите мајстори на четвртинката
Постојат три работи околу кои Македонците никогаш нема да се согласат: политика, фудбал и – каде се јаде најдобриот бурек. Ако сакате да скарате цела маса пријатели во недела наутро, само прашајте ги каде е најдобрата четвртинка во градот. Веднаш започнува војна. Едни ќе велат во маалската фурна каде мајсторот сè уште ја фрла кората…
