Да се насмееме за добро утро

Се возат во воз крушевчанец и скопјанец. Скопјанецот извадил ананаси и портокали да јаде, а крушевчанецот го гледа и го прашува:
– Што ти е тоа?
– Јужно овошје. Сакаш да пробаш?
Му изел крушевчанецот два ананаса и три портокали
По некое време тој вади локум и скопјанецот му вели:
– Што ти е тоа?
– Локум.
– Дај да пробам.
– Што ќе пробаш, локум ко локум.

Мажите гласно порачуваат: Жени не се возбудувајте ако трчаме по вас. Ние трчаме и по топката, па на крајот ја шутнуваме.
Од другата страна пак, жените порачуваат: Мажи, не се возбудувајте ако се заљубиме во вас. Се заљубуваме и во пар чевли, но потоа купуваме уште 5 пара за секој случај.
—–
Пример за компарација:
– Лош
– Полош
– Најлош
– Ист како татко му.

Која е разликата помеѓу свекрва и комарец?
Комарецот ти досадува само во лето!

Во 3 часот наутро, некој ѕвони на врата. Мажот станува и оди да отвори да види која будала ѕвони во ниедно време:
– Еј, кој сте вие?
– Крадци.
– А, што сакате?
– Сакаме да имате злато!
– А, колку ви треба? Многу?
– 100 кила!
– А, може ли 105?
– Па зошто да не, дајте 105!
– Жено моја, злато мое, станувај, дојдоа по тебе.
