На убаво место со убави луѓе за заеднички успех. Тимот на Мотоцентар и Battery Solution во посета на гигантот Linglong во Србија 🤝

Сподели на:

Oдлично друштво со јасна визија за иднината – вака накратко може да се опише бизнис настанот кој ги обедини водечките брендови во автомобилската индустрија: Battery Solution, Мотоцентар и глобалниот бренд Linglong.

Македонската делегација, составена од докажани професионалци и стратешки партнери, оствари успешна работна и едукативна посета на српскиот град Зрењанин со цел запознавање со најновите технолошки достигнувања и продлабочување на долгогодишната соработка.

Супермодерната фабрика во Зрењанин

Главниот фокус на ова патување беше посетата на импресивните производствени капацитети на Linglong Tire во Зрењанин. Како една од најголемите и најмодерни инвестиции во регионот, оваа фабрика користи врвна технологија за производство на премиум класи на гуми кои ги задоволуваат најстрогите светски стандарди.

Како официјален и директен увозник на брендот Linglong за Македонија, тимот на Мотоцентар, заедно со своите долгогодишни партнери како Battery Solution, имаа ексклузивна можност одблизу да го погледнат процесот на создавање на производите кои секојдневно значат безбедност и сигурност на патиштата ширум светот.

🤝 Спој на бизнис визија и вистински пријателства

Покрај официјалниот и едукативен дел, настанот помина и во знакот на одлично дружење пропратено со разменети искуства за унапредување на пазарот, новите трендови во автомобилската индустрија и идните заеднички проекти.

Овој настан уште еднаш докажа дека зад секој голем бизнис успех стојат силни партнерства, постојана едукација и инвестиција во човечките ресурси. Македонските возачи и индустриски капацитети можат да бидат сигурни дека преку соработката на Мотоцентар и Battery Solution со светски гиганти како Linglong, на домашниот пазар секогаш ќе ги добиваат најмодерните и најквалитетните решенија.

Сподели на:

Слични Написи